Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 - Скопје, 20 април 1982) бил истакнат македонски поет, академик и преведувач.

Тој е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата прва збирка „Песни“ (1944) e прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија.

Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и негов член од основањето во 1947 год., прв претседател на Советот на фестивалот„ Струшки вечери на поезијата“, претседател на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија и претседател на Сојузот на писателите на Југославија.

Член на Македонска академија на науките и уметнстите (МАНУ) од нејзиното основање (1967). Член на Македонскиот ПЕН центар. Прв директор на издавачката куќа „Кочо Рацин“ од Скопје, Ацо Шопов бил и долгогодишен директор на издавачката куќа „Македонска книга“, како и главен уредник на повеќе списанија меѓу кои и сатиричниот весник „Остен“.

Амбасадор на СФРЈ во Сенегал (1971- 1975), Ацо Шопов ја завршува својата кариера како претседател на Републичката комисија за културни врски со странство.


Copyright Учи Македонски 2024 | Developed and Hosted by