Жената отсекогаш знаела своите вештини да ги преточи во ракотворби преку специфични орнаменти изработени со помош на разни техники, со боење, ткаење, плетење и везење. Со цел да се сочува, негува и промовира македонската етно култура како духовна вредност која има уникатни карактеристики, Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб и МКД „Охридски бисер“ од Загреб во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура организираа изложба насловена „Македонски ракотворби“.
Read moreЖивотот и книжевната дејност на Кочо Рацин беше овогодишна тема на "Ноќ на книгата 2017." која се одржа на 21 април во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб.
Read moreДемиркаписката клисура спаѓа меѓу најубавите клисури во Македонија на реката Вардар. Долга е 31,5 км сметано од утоката на Бошава до селото Удово. Со оваа должина е најмала во споредба со другите клисури на Вардар.
Read moreРајко (Ксенофон) Жинзифов (Велес, 15 февруари 1839 – Москва 15 февруари 1877) – е македонски преродбеник, публицист, писател и поет, преведувач и собирач на народно творештво.
Read moreЃорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817, Галичник – 13 февруари 1893, Софија) бил македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач.
Read moreПартенија Зографски (Галичник, 1818 - Цариград, денешен Истанбул на 7 февруари 1876) бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, културен деец, прв македонски митрополит и еден од најистакнатите црковни работници од 19 век. Се школувал во ќелијното училиште во дебарскиот манастир „Св. Јован Бигорски“, потоа во Призрен, Солун и во Цариград.
Read moreГригор Ставрев Прличев (Охрид, 18 јануари 1830 - Охрид, 6 февруари 1893) бил истакнат македонски писател од времето на ромнантизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век.
Read moreКузман Атанасов Шапкарев (Охрид, 1 февруари 1834 - Софија, 18 март 1909) е македонски преродбеник, истакнат фолклорист, етнограф, публицист и учебникар. Повеќе од триесет години собирал и ја проучувал македонската усна традиција. На свој начин тој е зачетник на македонизмот.
Read moreНа денешен ден во 1927-та година е роден Ацо Караманов- македонски поет и учесник во НОБ. Овој талентиран писател живеел само 17 години, но неговите хумани пораки запишани во стихотворбите остануваат да сведочат за творечкиот талент, за детската визија за поубавиот свет, за недосонуваното и недоживеано слободарско утро.
Read moreНа 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнува три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.
....Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година.
Read more