Иако наидува на одличен прием кај публиката, по интервенција на власта, претставата „Ленче Кумановче“ набрзо е симната од репертоарот на Скопски театар, а обидот низ драмскиот текст јавно да се промовира македонски јазик, власта го казнува.
Read more- No matter where you live in the world;
- From your own home in terms that suit you;
- You use the time rationally;
- No need to travel outside your home;
- Learn and have fun at the same time;
- Enroll at any time of the year;
- At any time you can stop learning and continue later when you want;
Почетоците на македонистиката се поврзани со политичките состојби на Балканскиот Полуостров во времето на османлиското владеење. Поради територијалните претензии на новосоздадените словенски држави Србија и Бугарија кон Македонија, кај нив се јавила потребата за докажување на културната поврзаност на населението на Македонија со она во нивните држави. Притоа македонистиката во најголем дел се развива како дел од политичките спорови околу припадноста на Македонците, а со тоа и припадноста на териториите коишто тие ги населуваат.
Read moreАтанас Бадев (Прилеп, 14 јануари 1860 - Ќустендил, 21 септември 1908) бил македонски композитор, хорски и музички теоретичар и педагог, еден од првите професионално школувани македонски композитори. Основно образование завршил во родниот град, а потоа школувањето го продолжил во Солун и Бугарија, каде матурирал со одличен успех во Првата машка гимназија во Софија. За време на летниот одмор во 1879 г. основал црковно-училиштен хор во Прилеп. По желба на семејството две години студирал математика и физика во Универзитетот во Одеса. По враќањето од Русија се вработил во Солун, со намера да обезбеди средства за понатамошното образование.
Read moreПоглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонија која се одржа на плоштадот „Св. Петар“ ја прогласи Мајка Тереза за Светица.
Read moreГолем Град (Змиски Остров или Св. Петар) e остров во Преспанското Езеро од големо културно-историско значење. За него погрешно се смета дека е единствениот остров во Република Македонија, во која впрочем постојат повеќе езерски и речни острови.
Д-р Крсте Петков Мисирков (18 ноември 1874 – 26 јули 1926) бил македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво.
Read moreЈовица Тасевски - Етернијан (роден на 25 јули 1976 год. во Скопје, Република Македонија) е македонски поет, есеист, критичар и преведувач. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.
Read moreДијалектите на македонскиот јазик се вариации на стандардниот литературен јазик. Македонскиот јазик брои околу 27 дијалекти поделени во три главни групи. Главната граница помеѓу двата блокови источните и западните дијалекти е планината Скопска Црна Гора, продолжува со реката Вардар па сe` до Егејското Море (или Бело Море).
Read moreМакедонска азбука — официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус територијата на Република Македонија. Се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем.
Read more