Македонска азбука — официјално и единствено писмо на македонскиот јазик со службен статус територијата на Република Македонија. Се заснова на кирилицата со одредени измени приспособени на македонскиот гласовен систем. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои ортографски знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ, иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени графовите за буквите љ, њ и џ, а сите останати специфичности се според препораките на Мисирков. Истите букви присутни се и во азбуката на Крсте Петков Мисирков, но со графички симболи л' и н'.

Важно е да се напомне дека од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени само графовите за буквите, но не и гласовите кои на овие графови им соодветствуваат во истата азбука.

Македонскиот јазик содржи ред посебни фонеми (споредено со соседите); затоа, се јавува потреба од посебни македонски букви. Историски гледано, овие букви потекнуваат од 19-тиот век. Во своето дело „За македонцките работи“, македонистот Крсте Петков Мисирков користи комбинации од г' и к' за да ги претстави фонемите /ѓ/ и /ќ/. Покрај тоа, буквата i тогаш се користела каде што денес се користи ј.

Денес, буквата ѕ е единствена на македонскиот јазик, но мора да се спомене дека истата е многу постара, бидејќи постоела во старословенското писмо.


Copyright Учи Македонски 2024 | Developed and Hosted by