Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920 — Скопје, 20 јануари 2000) бил истакнат македонски раскажувач, романсиер, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Долги години бил член на МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги поставила темелите на современата македонска книжевност. Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ (1952) е првиот роман објавен на стандарден македонски јазик.

Read more

Коста Апостолов Солев е роден на 22 декември 1908 година во Велес, во семејството на сиромашниот грнчар Апостол Солев. Имал гладно и сиромашно детство во кое многу работел и учел. Рано го сфатил ропскиот живот на македонскиот народ и затоа уште во детството кај него се јавила омраза кон експлоататорите.

Read more

Полни десет години  на ТВ Војводина се емитува „Македонско сонце“, получасовна емисија на македонски јазик. Во неа се обработуваат теми од сите сегменти на животот на Македонците во Војводина. Посебно внимание се посветува на животот на Македонците и на успесите кои ги постигнуваат на сите полиња. Се следат и активностите во рамките на четирите области (образованието, информирањето, културата и јазикот), во кои, Македонците организирано преку здруженијата и Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија делуват.

Read more

Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 - Скопје, 20 април 1982) бил истакнат македонски поет, академик и преведувач. 

Read more

Коле Неделковски (роден како Никола Крстев Неделков; 16 декември 1912 – 2 септември 1941) е истакнат македонски поет и комунист помеѓу двете светски војни.

Read more

Свети Климент Охридски  (840 - 27 јули 916, Охрид) е македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на св. Методиj бил истеран од Панонија од Германците и побарал спас во тогашна Бугарија.

Read more

Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) — истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист,  eсеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.

Read more

„Бели мугри“ е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година.

Read more

Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште биле во партизански униформи, го формирале симфонискиот оркестар. На таа средба присуствувале Васил Ѓаконов - Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ.

Read more

Никола Јанакиев Карев (Крушево,23 ноември 1877 – с. Рајчани, 27 април 1905) – претседател на Крушевската Република, бил учител, социјалист и национален деец, ревулуционер и војвода. 

Read more

Copyright Учи Македонски 2024 | Developed and Hosted by